ПОРАКА ДО НЕЗАДОВОЛНАТА ЅВЕЗДА НА „МАМУЗИТЕ“

И „АДМИРАЛОТ“ ВО АКЦИЈА: Каваи, луѓето мора да го чујат твојот глас!

Легендарниот центар на Сан Антонио, Дејвид Робинсон вели дека е време Каваи Ленард да говори во „свое име".

објавено: 23 јуни 2018 - 18:25

Каваи Ленард е се подалеку од Сан Антонио Спарс. Најголемата ѕвезда во составот на „мамузите", имаше состанок со својот прв тренер, Грег Попович. Но во тие неколку часа раговор во Сан Диего немаше подобрување на релациите, по што станува се поизвесно дека Ленард инсистира на тоа да го напушти клубот од Тексас.

„Мислам дека и понатаму Ленард негува огромно почитување спрема Поп, како и спротивното, и на крајот на краиштата, се некако се сведува на тоа, можат ли да седнат и да разговараат?
Тука има многу гласини, а минатата година токму Поп и Ламаркус Олдриџ ги решија проблемите како двајца мажи"- вели 52.годишниот „Адмирал", и додава:
„Мислам дека Каваи треба да порасне, зарем не? Мораш да превземеш одговорност човеку, ти си лицето на таа организација. Не може да не зборуваш, зарем не? Луѓето мораат да го чујат твојот глас, а не на некој друг".

Според Робинсон, тоа е она што Ленард мора да го направи, ако сака луѓето да го гледаат, како на пример, еден Леброн Џејмс.

"Мораш да бидеш водач, за да бидеш меѓу оние двајца-тројца најдобри играчи во лигата. Леброн не седи дома и не чека други да говорат на негово место. Леброн излегува и вели": Еј, ова е мој тим, што се случува? Мислам дека и Каваи е во таа позиција, затоа што толку многу и значи на таа организација. Го сакаме сакаме да биде тука и следната година. Но сакаме да биде тука и да ја превземе контролата" – заклучува Робинсон.

Односно човекот кој целата своја кариера, од 1989 до 2003 година ја помина како играч на Спарс и освои два шампионски прстени.

Најново во Кошарка