И НЕГОВОТО ТРПЕНИЕ ИМА ГРАНИЦИ

И Лука знае да опцуе како вистински „кочијаш" (ВИДЕО)

Словенецот збесна по една судиска одлука, па на чист српско-хрватски јазик, жестоко „удри" по арбитрите.

објавено: 5 декември 2018 - 14:30

Се чини дека Лука Дончиќ сеуште не навикнал на китериумите на судење во најсилната лига на светот.

Кошаркарите на Далас ноќеска го победија Портланд, Лука Дончиќ имаше одлично издание. Средбата ја заврши со 21.поен, имаше девет скока и три асистенции.
Но при една дискутабилна судиска одлука потполно ги загуби нервите.
При дуелот со МекКалум, Словенецот само стоеше со подигнати раце, бекот на гостите исценира прекршок. Судиите наседнаа на обидот при шут, и му дадоа две слободни фрлања на белот на Портланд.
Словенецот остана во неверување. Едноставно, збесна поради таа одлука. Веќе не можеше да ги исконтролира емоциите, па почна да пцуе, и тоа на српско-хрватски јазик.
И тоа доста сочно... и неразбирливо за судиите... 

Најново во Кошарка