ГО ЧЕКААТ 18.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ТРИ ГОДИНИ

И ОФИЦИЈАЛНО, ДОНЧИЌ ВО ДАЛАС: Време беше...

Овие денови се завршени сите оние технички детали, па сега и дефинитивно Лука Дончиќ е нов играч на Далас маверикс.

објавено: 11 јули 2018 - 22:45

Се до официјализирањето на овој договор, третиот пик на овогодинешниот НБА драфт не можеше да тренира со тимот кој го трејдуваше. Сега ја нема таа пречка, па младиот Словенец може да почне да работи со еден Дирк Новицки, секако и со другиот дел од тимот.

„Време беше. Навистина сум возбуден. Знам дека можам да играм и го сакам само тоа, да работам, и само да играм" – рече словенечката сензација по потпишувањето на договорот.

„Рукито" на Далас во првата година од договорот ќе заработи 5.46 милиони долари, во сезоната 2019/2010 неговиот приход ќе биде 6.4, а во третата, која е исто така загарантирана, уште 6.7 милиони долари.
За четвртата година од договорот, Дончиќ ќе добие зголемување на платата од 26.4% во однос на сезоната 2020/21, што е во рамките на колективниот договор кој важи во НБА лигата.

„Сега нему му се потребни тренинзи, а ние ќе се потрудиме да одигра еден или два натпревари" – рече тренерот на Далас, Рик Карлајл по доаѓањето на Дончиќ во Тексас.

Најново во Кошарка