МОМЕНТ ЗА ИСТОРИЈА

Игор Кокошков е првиот европеец кој ќе води еден тим во НБА – Феникс Санс!

Екс селекторот на Словенија и сегашен асистент во Јута Џез ќе добие шанса каква ретко се дава во животот, и ќе биде првиот тренер од Стариот Континент кој самостојно ќе предводи некој тим од најсилната лига на светот.

објавено: 3 мај 2018 - 10:05

Екс селекторот на Словенија и сегашен асистент во Јута Џез ќе добие шанса каква ретко се дава во животот, и ќе биде првиот тренер од Стариот Континент кој самостојно ќе предводи некој тим од најсилната лига на светот.

Оваа вест прв ја објави Адријан Војнаровски, новинар на ЕСПН, и добро познат по проверените информации „од прва рака", односно од верни извори од НБА лигата.
Кокошков има долгогодишно работно искуство во НБА, каде е уште од 2000 година работеше како асистент. Прво во ЛА Клиперс (200-2003) а потоа и во Детроит (2003-2008), Кливленд (2013-2014(, Орландо (2015), и Јута каде е во последните три сезони.
И што е најважно, во својот иден клуб каде беше помошник во периодот од 2008 до 2013 година.
Српскиот тренер има освоен шампионски прстен со Пистонс во 2004 година, а како селектор на Словенија, лани, го освои и европското злато.

Се верува дека ќе потпише тригодишен договор со Феникс Санс, екипа која оваа сезона реализираше само 21.победа, и клуб кој има најмногу шанси на овогодинешниот драфт да стигне до првиот пик.
Инаку, во десегашниот дел од својата кариера, Кокошков само еднаш самостојно водеше една екипа во НБА. Беше тоа во 2016 година кога тренерот на Јута Џез, Квин Снајдер се разболе, а во таа прилика Кокошков излезе како победник во дуелот со ЛА Лејкерс.
ЕСПН наведува дека Кокошков ќе биде првиот тренер во НБА лигата, надвор од Северноамериканскиот континент. А тренерот на Јута, Квин Снајдер и генералниот менаџер Денис Линдзи го смеаат како заслужен за напредокот на младите играчи во оваа екипа.
Но и тоа дека Србинот одлично го познава Лука Дончиќ кој би требало да бид е и прв избор на јунскиот драфт и дек по соработката во словенечката селекција, истото би можело да биде и во Феникс Санс.

Најново во Кошарка