ХЈУСТОН СЕГА ИМА ОЛ-СТАР ТРИО

ИМА ДОГОВОР: Мело кај „Брадата" и ЦП3

Кармело Ентони во следната сезона ќе игра за „ракетите" од Тексас со кои постигнал начелен договор, јавуваат американските медиуми...

објавено: 8 август 2018 - 19:00

Преминот во франшизата од Тексас би требало да биде официјализиран во текот на наредните денови, кога ќе бидат познати и сите детали од договорот.

Минатата сезона Ентони ја помина како играч на Оклахома Сити, каде во просек бележеше по 16.2 поени, а неодамна беше трејдуван во Атланта Хоукс за Денис Шродер.

Сепак, и тогаш беше само прашање на време кога 34.годишниот Ентони ќе постане слободен играч и ќе пронајде друг тим.
Сега тоа и се случува, па веќе од оваа есен ќе го гледаме во друштво на Џејмс Харден и Крис Пол.
Ол-стар крилото во Хјустон одново ќе соработува со тренерот Мајк Дантони, за кого своевремено играше во Њујорк Никс.
Пред Таандер и Никс, популарниот „Мело" играше и за Денвер Нагетс каде и ја почна богатата НБА кариера, кој за жал, е во сериозен пад.

 

Најново во Кошарка