НБА МАРКЕТ

ИМА ДОСТА СЛОБОДНИ ИГРАЧИ: Ајзеја, Капела, Вејд...

Но и покрај сите овие „движења", постои и друг исто така добар, квалитетен „материјал". Играчи кои се ограничено или неограничено рестриктирани, и кои можат да ја променат играчката средина во деновите кои се пред нас.

објавено: 10 јули 2018 - 15:30

Скоро десет дена поминаа од отворањето на летниот трансфер период во најсилната лига на светот.
Денови кои донесоа вистински шокови кои ги најави одлуката на Леброн Џејмс да си замине од Кливленд и да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.
Потоа „преселбата", за мали пари, на Демаркус Казинс од Њу Орлеанс во Голден Стејт, и онаа помалку очекуваната на Деадре Џордан од ЛА Клиперс во Далас.
Секако, изненадување е и останувањето на Пол Џорџ во Оклахома, а постоечките договори реално ги потврдија Кевин Дурент, Крис Пол, Никола Јокиќ, Арон Гордон, Џеј-Џеј Редик.

Но и покрај сите овие „движења", постои и друг исто така добар, квалитетен „материјал". Играчи кои се ограничено или неограничено рестриктирани, и кои можат да ја променат играчката средина во деновите кои се пред нас.
Поедноставно кажано, досегашниот клуб има право да ја изедначи секоја понуда која ќе стигне за играчите кои се водат како рестриктирани, и на тој начин да го задржи во своите редови.
Кај неограничените слободни агенти пак, опцијата на „мечирање", изедначување на понудите, не важи, и играчите се слободни сами да бираат клуб со кој ќе потпишат договор.
А листата на играчи кои сеуште не го решиле своето играчко прашање за наредната сезона, крие многу интересни имиња.
РЕСТРИКТИРАНИ СЛОБОДНИ АГЕНТИ
Клинт Капела, Маркус Смарт, Џабари Паркер, Родни Худ, Монтрезл Харел, Кајл Андерсон, Јоги Ферел...
НЕРЕСТРИКТИРАНИ СЛОБОДНИ АГЕНТИ
Ајзеја Томас, Двејн Вејд, Грег Монро, Мајкл Бизли, Дејвид Вест, Тревор Букер, Џамал Крафорд, Џо Џонсон, Винс Картер, Чанинг Фрај, Џахили Окафор, Ник Јанг, Алекс Лен, Лук Мбах а Моуте, Вејн Елингтон, Брендон Рајт, Шабаз Непиер.

Најново во Кошарка