ПЛЕЈ-ОФ ВО НБА: КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА НА ЗАПАДОТ

Има ли „Поп" одбрана за „воините"?

Вечерва од 21.часот, почнува плеј-пофот во НБА лигата, а судирот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Сан Антонио предизвикува особено внимание

објавено: 14 април 2018 - 14:00

Нема време за одмор во НБА лигата. Само три дена беше паузата помеѓу оној регуларен дел и она што се нарекува плеј-оф, или доигрување за шампионската титула.

Стартот е вечерва од 21.шасот, кога на едната страна од теренот ќе се појави актуелниот првак, Голден Стејт Вориорс, а на другата еден од најстабилните клубови во НБА па и во на светот, Сан Антонио Спарс.
Демиен Лилард или Ентони Дејвис, Тандер или Џез, и две „сигурни работи" се дел од она што го нудат четирите серии на Западот.
Од оние сигурните треба да бидат сериите во кои Хјустон Рокетс не би требало да има никакви проблеми во мечевите со Минесота Тимбервулфс, па и токму серијалот помеѓу Голден Стејт и Сан Антонио...
(1) Хјустон – (8 (Минесота)
Бројот 1 во регуларниот дел на лигата треба да го потврди она што сите го потврдија. Дека со Крис Пол е многу полесно и за Џејмс Харден, веројатно и новито МВП на лигата.

Да, Минесота има одлични индивидуалци, но тоа може да ги донесе до евентуално една победа, и тоа на домашен терен.
Прогнозите велат дека оваа серија ќе биде решена во пет натпревари.
(2) Голден Стејт – (7) Сан Антонио
Голден Стејт без Стеф Кари, а Сан Антонио без Каваи Ленард во првото коло на плеј-офот. Тешко замисливо, но е вистинито. По „заслуѕга" на Спарс, кои немаат добра сезона зад себе, макар бројката од 50 победи и не никако мала.

Вориорс имаа три од четири во регуларниот дел од сезоната, па извесно е дека така некако ќе биде и во плеј-офот. Преголем број на проблеми имаше тимот на Грег Попович во оваа сезона, а од друга страна пак Голдне Стејт сака да покаже дека се чуваа за доигрувањето. Но Кевин Дурент мора да го потврди она што го носи со себе, најкорисен играч во плеј-офот.
Типот е 4-1 за Голден Стејт.

(4) Оклахома – (5) Јута Џез
Оклахома Тандер-Јута Џез, тоа е најинтересната двојка на западот, дефинитивно...
Тандер се најнепредвидливата екипа во лигата која оваа сезона знаеше да загуби од најлошите, а ги победуваше најдобрите тимови во лигата, иако во своите редови имаат дури три ол-стар играчи како Расел Вестбрук, Пол Џорџ и Кармело Ентони.

Но Јута има добра „композиција" на тимот, доста млади, но и искусни играчи кои се скоро идеален спој, па дури и за серија против така опасен тим како што го има Оклахома.
Без оглед на тоа што Оклахома ги доби сите четири мечеви во регуларниот дел, но сите во периодот во кој Јута не беше тоа што е сеха, се оекува драматична серија во коај се може да се сведе на „една топка".
Со мала нијанса предност, токму за Тандер (4-3)...


(3) Портланд – (6) Њу Орлеанс
Портланд е екипа која во последните сезони е доста потценувана од НБА аналитичарите, но тоа не ги „тангира" премногу нивните предводници, Демиен Лирад и Си Џеј Мек Калум.

Со серија од 13 победи по ред Блејзерс ги негираа негативните коментари на стручните лица во и околу лигата, и стигнаа до третата позиција која им дава предноста на домашен терен против Њу Орлеанс. А нивната најголема разлика во однос на лани и порано е подобрената дефанзива во која е вклучен и „босанската зверка" Јусуф Нуркиќ.
После повредата на Демаркус Казинс, многумина ги отпишаа Пеликанс од плеј-офот, Но Ентони Дејвис и другите не мислеа баш така. Се надминаа себеси стигнас дури до позицијата број 6. Но веројатно не можат и нешто повеќе од тоа иако прогнозите велат дека тука се можни и сите седум мечеви кои на крајот ќе ги израдуваат момците од Орегон – Портланд (4-3).

Најново во Кошарка