ДАЛИ „КРАЛОТ" ЈА ПРОМЕНИ(Л) ОДЛУКАТА?

ИНСАЈДЕР ТВРДИ: Леброн останува во Кливленд!

Неименуван инсајдер од ЛАс Вегас вели дека Леброн Џејмс нема да го промени клубот ова лето, и дека кариерата ќе ја продолжи како играч на Кливленд Кавалирс.

објавено: 29 јуни 2018 - 11:30

Еден од најдобрите кошаркари на светот, ако не и најдобриот во овој момент, Леброн Џејмс има „фора" уште 24.часа да излезе од последната година од договорот со клубот од Охајки. Но и самиот во неколку наврати рече дека сака да ја донесе таа одлука што е можно порано.

Од порано се појави информација дека Лос Анџелес Лејкерс е најсериозен во намерата да го ангажира „Кралот", но наводно Џејмс има(л) и еден не баш мал предуслов, а тоа е во Калифорнија да дојде и Каваи Ленард, најдобриот играч на Сан Антонио Спарс.
Според договорот, во последната година од договорот со Кавс, Џејмс би требало да заработи 35.607.968 долари.
Минатата сезона во просек реализираше по 34.поени, заедно со 9.1 скок и 9.асистенции за нецели 42.минути поминати на теренот. Дефинитивно најзаслужниот што Кливленд Кавалирс и покрај големиот број на играчи промени, стигна до финалето на НБА лигата.
Сепак, Голден Стејт ја одбрани титулата откако во големото финале беше максимален, победи со (4:0) во серијата против Леброн и соиграчите.

Најново во Кошарка