НБА

ИСТОРИЈА: Попович го мина Слоун, Леброн го симна Коби

Предводникот на Сан Антонио, Грег Попович пиша историја во НБА-лигата, како тренер со најмногу победи на клупата на еден тим. Леброн Џејмс стана најмладиот кошаркар, кој стигнал до бројката од 28.000 поени. 

објавено: 5 февруари 2017 - 11:32

Предводникот на Сан Антонио, Грег Попович пиша историја во НБА-лигата, како тренер со најмногу победи на клупата на еден тим. Спарси на домашен терен го совладаа Денвер со 121:97, а Попович го запиша 1,128 триумф како тренер на овој тим и го мина Џери Слоун.

Историја забележа и Леброн Џејмс. Тој на дуелот против Њујорк постигна 32 поени и ја надмина бројката од 28.000 поени и стана најмладиот играч во НБА-лигата, кој успеал да дојде до ова остварување. Леброн го урна рекордот на Коби Брајант, кој до оваа бројка стигна на 33 години, на „кралот“ пак ова му успеа на 32 години. 

 

 

Најново во Кошарка