СЕ ПОЈАСНА СЛИКА ВО ХОЛИВУД

ЈАСНО Е: Ако дојде Ленард, ете го и Леброн во Лејкерс!

Во текот на вчерашниот ден, менаџментот на ЛА Лејкерс одново почнаа со разговорите со Сан Антонио во врска со евентуален трејд на нивната прва ѕвезда Каваи Ленард.

објавено: 28 јуни 2018 - 14:00

А освен „канџата", влогот во тие разговори е огромен, како што пренесуваат новинарите на ЕСПН, доаѓањето на Ленард во Лејкерс, скоро сигурно би овозможил потпис на Леброн Џејмс за тимот од „градот на анѓелите".
Во наредните 48.часа „Кралот" има прилика да „излезе" од последната година од договорот со Кливленд , и токму Лејкерс се дестинацијата која многумина ја гледаат како негова наредна во кариерата.
Од своја страна Спарс сакаа(т) да го поправат својот однос со „побегнатиот" Ленард, но се чини дека добра понуда од страна на „езерџиите" би можела да ги натера да се „поздрават" со својата прва ѕвезда во тимот.
Од ЕСПН анализираат дека Лејкерс сакаат размена слична по онаа формула по која Кајри Ирвинг замина од Кливленд во Бостон, а Пол Џорџ од Индијана во Оклахома.

И сигурно е доколку во случај на ангажман на двајца од Топ 5 играчи во НБА лигата, ќе мора да се одрекнат од неколку млади ѕаленти и наредни пикови на драфтот. Значи „мамузите" сметаат дека Ленард вреди повеќе од што на пример Кавс добија за Ирвинг, или Пејсерс за Џорџ.
Пред неколку дена Џејмс наведе дека сака што побрзо да „пресече", што ги става Лејкерс во една „забрзана ситуација", особено и тоа ако се знае дека Пол Џорџ, кој често пати истакнува(ше) дека сака да оди во ЛА, сега и не е така сигурен во тоа.
Освен Лејкерс, понуди до Сан Антонио има и од Селтикс, Кавалирс, Сиксерс и Клиперс, но Ленард јасно истакнува дека неговата желба е да игра за „езерџиите".

Најново во Кошарка