СРБИНОТ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР ВРЕДЕН НЕВЕРОЈАТНИ 146 МИЛИОНИ $

ЈОКИЌ КУПУВА КУЌА ВО ДЕНВЕР: Останува долго со Нагетс

Денвер Нагетс ќе ја одбие „тимската опција" коај Никола Јокиќ ја има во договорот, со што Србинот би постанал ограничено слободен агент и би можел да потпише максимален договор со тимот од Колорадо...

објавено: 25 јуни 2018 - 19:15

Со оглед на тоа дека го драфтуваа Мајкл Портер-Јуниор, раководството на Денвер својот фокус го насочува кон Никола Јокиќ, што го потврди и претседателот на кошаркарски операции Тим Конели, со зборовите дека сите во организацијата имаат намера високиот Србин уште долго време да биде во Денвер.
Конели уште додал дека српскиот центар наскоро ќе купи и куќа во Денвер.

„Никола ќе биде овде уште долго време – што и да работиме, ќе сториме се да осигураме да биде тука што е можно подолг период. Кога тој момент ќе дојде, ќе раговараме со Никола, со неговите браќа и со неговите претставници" – изјави Конели.

Нагетс имаат рок до 29.јуни да го „направат" Јокиќ во ограничен слободен агент, после што би требало да потпише договор со траење од пет години, а вреден 146. милиони долари.
Доколку Денве рја шокира јавноста и одлучи да го задржи Јокиќ во наредната сезона под значително „поефтини" услови (два милиони долари по сезона), тогаш следното лето нивниот стартен центар ќе биде неограничено слободен агент, и слободен во изборот на друг клуб.
Варијанта која сепак, е многу помалку веројатна.
Официјалното потпишување на договорите и премините во НБА лигата започнуваат на 1.јули.

Најново во Кошарка