НБА

Јута ги шокираше Кавси, нов трипл-дабл на Харден (ВИДЕО)

Кливленд беше поразен на гостувањето кај Јута (100:92) во дебито на Кајл Корвер. Џејмс Харден го забележа 11. трипл-дабл сезонава за нова победа на Хјустон, овој пат над Шарлот. Голден стејт мина лесно, Сан Антонио се извлече.   

објавено: 11 јануари 2017 - 08:49

Кливленд не успеа да ја забележи третата гостинска победа во низа, откако на гостувањето кај Јута беше поразен со 100:92. По изедначената игра во првата четвртина (29-29), домашниот тим на полувремето се избори за водство од 56:41. Шампионот имаше краток блесок во следниот период, но Јута не дозволи изненадување и успеа да го сочува водството до крај.

Гордон Хејворд со 28 поени го предводеше победничкиот тим. На другата страна Леброн Џејмс имаше 29 поени, додека Ирвинг застана на 20 поени. Во таборот на шампионот дебитираше Кајл Корвер, за 17. минути постигна два поени и три скока.

Хјустон го совлада Шарлот со 121:114, а повторно главната улога ја имаше Џејмс Харден. „Брадата" постигна 40 поени, 15 скока и десет асистенции за 11. трипл-дабл сезонава.

Мајами само во првата четвртина беше рамноправен противник на дуелот со Голден стејт, по што Вориорс се разиграа и дојдоа до победа од 107:95.
Тандемот Кевин Дурент - Стеф Кари го предводеа домашниот тим. Дурент имаше 28 поени, додека Кари запиша четири помалку.

Резултати: Вашингтон - Чикаго 101:99, Бруклин - Атланта 97:117, Торонто - Бостон 114:106, Хјустон - Шарлот 121:114, Сан Антонио - Милвоки 107:109, Јута - Кливленд 100:92, Голден стејт - Мајами 107:95, ЛА Лејкерс - Портланд 87:108, Сакраменто - Детроит 100:94.

Најново во Кошарка