Нова катастрофа на Хјустон, сега и во Солт Лејк Сити

Каде се оние старите, добри Рокетс? (ВИДЕО)

Кошаркарите на Јута Џез го декласираа тимот од Тексас со (118:91), и со третиот триумф во последните четири средби им се приближија на тимовите кои се на местата кои водат во плеј-офот од Западната конференција.

објавено: 7 декември 2018 - 08:30

По втор пат во оваа сезона, „џезерите" беа подобри од популарните „ракети", кои одново влегоа во некоја криза на формата. За нив ова е дури 13.пораз но навивачите во Хјустон многу повеќе ги загрижуваат игрите на Харден, Пол и другите...

Домашниот тим не го поремети ниту раното исклучување на Руди Гобер, кој направи една неспортска реакција по еден недосуден прекршок и мораше во соблекувалната по само три минути поминати на теренот.
Расположените домашни играчи во втората четвртина веќе имаа плус 15, а третиот период го добија со неверојатни (38:11). Предноста на Јута изнесуваше дури 37.поени.
Јута имаше двојно повеќе асистенции од Хјустон, (26-13), а најефикасен беше Дерек Фејворс со 24.поени (10/13 за два поени), со десет скока. Џое Инглс даде 18, Данте Ексум 15, а Рики Рубио уште 13.

Кај растурените „ракети“, Харден едвај дотурка до 15.поени, а Крис Пол и Клинт Капела имаа по 12.
Убедлива победа запишаа и кошаркарите на Бостон кои го прегазија Њујор Никс (128:100), Победа број 4 за Селтикс во серија за скор (14-10) на Истокот.

Гостите до „Големото Јаболко" се држеа релативно добро само во првото полувреме во кое заостануваа 11.поени (58:69), така продолжија и по одморот. Но пресуди последната четвртина во која „келтите" ги прегазија Никс. Во одлично избалансираниот тим на Бостон, Кајри Ирвинг реализираше 22.поени (8 асистенции), Џејлен Браун даде еден помалку.
На другата страна од теренот Тим Хардавеј-Јуниор постигна исто како и Ирвинг – 22.поени, Емануел Мудиај 17, а Енес Кантерс 14, со 11 скока.
Феникс пак беше добра можност за Портланд да ја прекине серијата од три порази. И секако Блејзерс успеаа во тоа. Стигнаа до високи (108:86), против најслабиот тим во лигата.
Уште во финишот на првата четвртина Портланд имаше вишок од 27.поени (34:7), а колку тимот од Аризона е немоќен говори и податокот дека до крајот не успеаја да се спуштат под 20.поени негатива.
Блејзерс ги предводеше Демиен Лилард со 25.поени, осум асистенции и пет скока, изненади Џејк Лајмен со 24.поени.
Во седмиот, по ред, пораз за Феникс, Трој Дениелс забележи 15, а Џош Џексон уште 14. поени.

РЕЗУЛТАТИ: Јута – Хјустон 118:91, Њујорк – Бостон 100:128, Портланд - Феникс 108:86; 

 

Најново во Кошарка