ЛЕГЕНДАТА Е ЖРТВА НА ИЗМАМА

Како Владе Дивац ќе останеше без луксузниот стан од 450 м2?

Извршителите затропале на вратата на некогашниот кошаркар и сакале да му го конфискуваат станот од 450 м2 во центарот на Белград

објавено: 19 мај 2017 - 08:00

Легендарниот кошаркар Владе Дивац е жртва на измама и тоа од страна на неговиот некогашен пријател, Зоран Милашиновиќ. Тоа е поранешен деловен партнер на Дивац, кој сега е во притвор, поради измама.

Милашиновиќ е осомничен дека го фалсификувал потписот на Владе Дивац и дека неосновано го ставил станот на НБА легендата под хипотека, за да може да добие кредит. Бидејќи Милашиновиќ не го враќал долгот, се активирала хипотеката.

Покрај Милашиновиќ уапсена е и службеничката која го заверила фалсификуваниот договор. Во фалсификуваниот документ стоело дека луксузниот стан од 450 м2 на Дивац, треба да биде запленет. Извршителите затропале на вратата каде што живее семејството на Дивац и побарале да се иселат. 

Збунети од настанатата ситуација, членовите на семејството на Дивац тврделе дека се работи за фалсификат и дека тоа не било потпис на Владе. Некогашниот кошаркар често е во САД, каде има обврски со тимот на Сакраменто Кингс.

Освен станот на Дивац, под хипотека биле дадени уште неколку објекти. Фалсификаторот Милашиновиќ веќе неколку дена е во притвор поради оваа проневера. 

Најново во Кошарка