ГОЛДЕН СТЕЈТ ПОВЕДЕ ВО СЕРИЈАТА

Кари го уништи Хјустон: Шампионот го урна рекордот на Џордан и Булси (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт го совладаа Хјустон на домашен терен со 126:85 и поведоа со 2-1 во финалето на Западната конференција. 

објавено: 21 мај 2018 - 08:30

Актуелниот шампион поведе до 2-1 во финалната серија во Западната конференција, откако на домашен терен славеше со 126:85. Вориорс со 16-та победа во низа на домашен терен во плејофот, го урнаа рекордот на Булс од април 1990 до мај 1991 година.

Хјустон беше рамноправен противник само 10 минути. По водството од 20-22 во првата четвртина, Голден стејт со серија од 11-0 поведе со 31-22. Ниту до одморот не се промени ништо, Рокетси се искачија на плус 11 (54-43).

Целосен колапс се случи во третата четвртина кога се разигра Стеф Кари, погодуваше буквално се, а предноста постојано растеше. Во второто полувреме постигна 25 од вкупните 35 поени. Покрај него добра партија пружи Кевин Дурент запишувајќи 25 поени, за издвојување е дабл-дабл ефектот на Дрејмонд Грин од 10 поени и 17 скока.

На другата страна Џејмс Харден постигна 20 поени, а Крис Пол застана на 13 поени и 10 скока.

Најново во Кошарка