КАВАЛИРС СЕ СЕПАК КОЛЕКТИВ ИАКО ДОМИНИРА ЕДЕН ИГРАЧ

КАРИ: Кој вели дека Леброн има слаби соиграчи, не сакам такви приказни

Плејмејкерот на Голден Стејт, Стефа Кари призна дека го нервираат критиките на сметка на соиграчите на Леброн Џејмс, туку дека тие имаат големи заслуги за пласманот на Кливленд во големото финале на НБА.

објавено: 31 мај 2018 - 08:00

Кливленд Кавалирс ќе игра со Голден Стејт (уште еднаш) во големото финале на НБА лигата. Јасно е, најголемите заслуги му припаѓаат на Леброн Џејмс, но Стеф Кари, еден од неговите противници во битката за титулата, смета дека не треба да се претерува во истакнувањето на само еден играч.

„Ги мразам тие приказни. Да, Леброн е сјаен, игра неверојатно во плеј-офот, се избори за осмо последувателно финале и сите тие работи... Неговата постојаност, долговечност, играње на највисоко ниво, тоа е за секоја пофалба. Но, играат и другите играчи во тој тим. Се борат и тие, од Џеф Грин, Трастан Томпсон до Џорџ Хил, Џеј-Ар Смит. Кавси не би дошле до тука без нивниот придонес"- смета Кари.

Голден Стејт и Кливленд ќе се сретнат во битката за титулата по четвртти пат во серија. А првиот меч се игра во ноќта помеѓу четврток и петок. Предноста на домашен терен ќе ја има бранителот на трофејот Лери Обраен, Вориорс, поради подобриот скор од Кавалирс во регуларниот дел од сезоната.

Најново во Кошарка