НБА МАРКЕТ

Казинс е „воин", Рондо е „езерџија", а Рендл – „пеликан“!

Со несмалена брзона работи пазарот на слободни агенти во НБА лигата.

објавено: 3 јули 2018 - 09:30

За само една вечер, се случија, односно се најавени три битни трансфери. Само еден ден по спектаклот наречен „Леброн во ЛА", тимот од „градот на анѓелите" доби уште едно засилување.

Едногодишен договор вреден девет милиони долари „среди" еден од најдобрите организатори во лигата, Ражон Рондо.Играчот кој некогаш знае да биде доста проблематичен, зад себе има одлична сезона во дресот на Њу Орлеанс Пеликанс со кои стигна до полуфиналето во конференцијата.

Во Пеликанс пак заминува еден довчерашен „езерџија", Џулиус Рендл.
Иако беше еден до најдобрите во составот на Лук Волтон минатата сезона, тоа не беше доволно да гу убеди челниците на ЛА Лјекерс да му понудат продолжување на договорот, па Рендл одбра да се пресели во Њу Орлеанс, каде доби пристојни 18. милиони долари за две годишен „дил".

Сепка, најголемата „бомба" експлодира во Оукленд. Во седиштето на актуелниот НБА првак.
Демаркус Казинс е нов член на „воините" откако се согласи на договор вредeн 5.3 милиони долари за една година.
Ол-стар крилото кој лани, интересно беше дел до „пеликаните", има сериозна повреда (скината Ахилова тетива), која ги натера клубовите добро да размислат дали ќе му понудат добар договор на еден од најдобрите крилни центри кои во моментов ги има НБА лигата.
Сепак Голден Стејт реши да се коцка, па во својот состав донесе уште еден ол-стар.
Па ако се биде во ред со рехабилитацијата, ќе биде навистина пеколно да се гледа петорката во која се Кари, Дурент, Грин, Томпсон, сега и Казинс (плус Игудала).

Најново во Кошарка