ЗНАЕ КАКО ТРЕБА СО ЅВЕЗДИТЕ

КЕР Е ЈАСЕН: Нема да се менуваме затоа што „Буги" е сега тука!

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер најави дека ќе воведе одредени измени во системот на тренингот на шампионскиот тим, но дека тоа нема да влијае на стилот на играта...

објавено: 29 август 2018 - 08:00

Откако во 2014 година потпиша петгодишен договор со Вориорс, Стив Кер стигна до четири финални серии на плеј-офот, и загубија само една од нив.

„Ако сакаме играчите и понатаму да бидат заинтересирани за се што се случува на тренингот, ќе морам да променам некои сегменти. Ќе видиме што тоа точно значи. Можеби ќе го промениме само времето кое го поминуваме на теренот, Сега треба да покажеме креативност"- вели Кер пред доаѓањето на новите предизвици кои со себе ги носи новата сезона во НБА.

Ова лето Демаркус Казинс дојде во Оукленд откако се согласи на едногодишен договор вреден 5.3 миилиони долари.

„Нема да го менуваме стилот на игра. Ќе се прилагодуваме со Демаркус додека е на теренот, но тоа не значи дека ќе го менуваме и да не бидеме тоа што сме" - додаде трофејниот тренер на Голден Стејт, екипа чиј прв противник во новата сезона во која ќе го бранат пехарот (уште еднаш) ќе биде Оклахома Сити Тандер.

Најново во Кошарка