ДРУГАРСКИ СОВЕТ

КЕР МУ ПОРАЧА НА ЏИНОБИЛИ: Биди како Федерер! (ВИДЕО)

Тренерот на Голден Стејт му кажа на аргентинскито суперстар од Сан Антонио да продоли да игра...

објавено: 25 април 2018 - 22:40

И по четврттипат во плеј-офот актуелниот бранител на титулата Голден Стејт беше подобар од Сан Антонио, и тоа беше доволно за тимот од Оукленд да помине во полуфиналето на Запасот.
По завршувањето на оваа серија (4:1), се поставува(ше) прашањето дали по 16 години активно играње за својот омилен тим, легендарниот кошаркар на Спарс, Ману Џинобили ќе ја заврши кариерата.

„Се надевам дека ќе продолжиш да играш, навистина" - му рече Стив кер, тренерот на вориорс на Аргентинецот непосредно по истекот на петтиот меч од серијата.

„Продолжи, зошто да не? Кога го сретнав Роџер Федерер минатата година во Кина, го прашав зошто и понатаму игра. Ми рече, поради љубовта кон тенисот. Ако ти и понатаму ја сакаш кошарката – продолжи"- посака Кер.

Во сезоната 2002/2003, Кер и Џинобили играа заедно токму во тимот од Тексас, прва за Аргентинецот за „мамузите" и последна за Кер помината во Сан Антонио. 

Најново во Кошарка