ШАМПИОНОТ НА НБА УШТЕ ПОСИЛЕН ОД ШТО Е

КЕР СО ПОТВРДА: Казинс се враќа до крајот на јануари

Ол-стар центарот Демаркус Казинс би можел да дебитира за Вориорс најдоцна до крајот на месецот, потврдува нивниот предводник од клупата...

објавено: 9 јануари 2019 - 21:00

Популарниот „Буги" ја повреди Ахиловата тетива пред една година на мечот со Хјустон, додека беше играч на Њу Орлеанс Пеликанс. Следуваше операција и нешто подолг период на рехабилитација, но и потпис на едногодишниот договор со Голден Стејт.

Како што пренесува ЕСПН, кошаркарот ја разгледувал опцијата да се врати на теренот на 16 јануари, кога шампионите треба да им гостуваат на Пеликанс. Но управата на клубот од Оукленд одлучила тоа да биде дуелот со ЛА Клиперс, два дена подоцна.
На остатокот на тимот таа одлука му била презентирана пред некој ден.

„Тоа е некој рамковен термин. Тешко е да се каже на кој натпревар ќе заигра. Но да, тоа би требало да биде до крајот на јануари" – вели пвиот трене рна шампионот, Стив Кер, кој додава дека се ќе зависи од конечната оценка на лекарскиот тим.

Веќе неколку недели Казинс тренира со првиот тим, отоако претходно работеше и во оној кој се натпреварув во развојната лига.

Најново во Кошарка