ДЕРБИТО НА КАЛИФОРНИЈА СЕПАК ЗА ШАМПИОНИТЕ

Клеј ги спаси Вориорс од „кралевите" (ВИДЕО)

Сакраменто имаше голема шанса да ги урне шампионите, но на крајот останаа на таа шанса, загубија со минимални,(116:117).

објавено: 25 ноември 2018 - 08:30

Имаа Кингс 10 поени вишок пред крајот на полувремето, но „воините" се вратија пред крајот на третата четвртина кога направија потполн пресврт. На крајот славеа со (117:116), а кошот на одлука го постигна Клеј Томпсон, пет секунди пред крајот.

Претходно блескаше Кевин Дурент со 44.поени, 13.скока и седум додавања, Томпсон пак заврши со 31.поен за гостите за кои не играа Грин, Кари и Казинс.

Вориорс се први на Западот со скор (14-7), а Сакраменто осми (10-9).
Далас дома го победи Бостон со (113:104), Херисон Барнс и Џеј-Џеј Бареа постигнаа по 20.поени, а Лука Дончиќ – 15. На другата страна Џејсон Тејтум имаше 21, Маркус Смарт и Кајри Ирвинг по два помалку.
Уште една одлична партија прикажаа кошаркарите на Милвоки кои го затрпаа кошот на Сан Антонио и славеа со (135:129).
Во еден од двата дерби дуели на вечерта, Денвер славеше на гости против конференцискиот ривал Оклахома (105:98), додека пак Хјустон повторно изненади, сега непријатно со поразот од Кливленд.
Одлично прво полувреме имаа Нагетс во Оклахома, во кое изградија и предност од дури 25.поени. Но потполно застанаа во второто полувреме кое можеше да се претвори и во драматично. Во неколку наврати Тандер дојдоа и до минус од пет поени, но некако гостите од Колорадо го приведоа натпреварот кон победата.
Кај победниците најефикасен беше Џамал МАреј со 22.поени, Никола Јокиќ постигна 16. поени, шест скока и пет асистенции.
Затоа пак Расел Вестбрук дојде до нов трипл-дабл во кариерата – 16.поени, 12.асистенции, 10.скока. Одличен беше Пол Џорџ со 24.поени и 11. скока.
Денвер се проби на третото место на Западот (13-7), додека Оклахома е петта со (12-7).
Засега, Хјустон е надвор од местата кои водат во плеј-офот. А причината секако, се лошите игри во првата фаза од шампионатот. Последната во низа е онаа птив Клиувленд (108:117).
Колин Секстон со 29.поени и Џордан Кларксон со 20, беа предводници на Кавалирс во конечниот успех во кој Тристан Томпсон се„потпиша" со 16.поени и 20.скока.
На другата страна, Џејмс Харде уфрли 40.поени, со 13 асистенции, а Клинт Капела имаше дабл-дабл од 12.поени и 10.скока.
Со оваа победа Кливленд побегна од „фенерот" на Истокот, кој сега го има Атланта. Додека пак со половичен ефект (9-9), Хјустон е дури на 11. место на Западот.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Хјустон 117:108, Минесота – Чикаго 111:96, Оклахома – Денвер 98:105, Вашингтон – Њу Орлеанс 124:114, Далас – Бостон 113:104, Голден Стејт – Сакраменто 117:116, Милвоки – Сан Антонио 135:129, ВЕЧЕРВА: ЛА Лејкерс – Орландо (21.30ч), Детроит – Феникс (22.00ч);

 

Најново во Кошарка