КАВИ ПО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЈА ПРЕКИНАА ЛОШАТА СЕРИЈА

Кливленд се спасуваше, Леброн со звукот на сирената (ВИДЕО)

По серијата од два порази, Кливленд се врати на победничките патеки, откако на домашен терен ја совлада Минесота со 140:138 по продолжение. Леброн Џејмс беше човекот од одлука, зад неговото име запиша трипл-дабл. 

објавено: 8 февруари 2018 - 08:50

Иако домашниот тим имаше водство во поголем дел од натпреварот, сепак пред крајот на регуларниот дел Минесота направи пресврт, поведе со 129:126. Леброн Џејмс на 20 секунди погоди тројка за 129:129 и дополнителни пет минути.

Ниту во овој период не се промени ништо, на секунда до крајот беше 138:138, „кралот" повторно настапи на сцена, најпрво го спречи противникот да реализира за водство, а потоа со звукот на сирената погоди за победа на својот тим.

На крајот Леброн мечот го заврши со трипл-дабл од 37 поени, 15 асистенции и 10 скока. Зад него беше Смит со 20 поени, додека кај гостите Батлер имаше 35 поени.

Резултати: Детроит – Бруклин 115:106, Мајами – Хјустон 101:109, Кливленд – Минесота 140:138 (прод.), Мемфис – Јута 88:92, Феникс – Сан Антонио 81:129.

Најново во Кошарка