Шампионот се помачи, но, тргна според планот

Кливленд тргна победнички во плеј-офот (ВИДЕО)

Актуелниот НБА првак во еден крајно неизвесен натпревар ја победи индијана со 109:108и поведе со 1:0 во осмина-финалето од плеј-офот

објавено: 16 април 2017 - 08:33

Екипата на Кливленд Кавалирс поведе со 1:0 во осмина-финалната серија во плеј-офот, откако на домашен терен ја победија Индијана со 109:108. Иако во најголемиот дел од мечот, актуелниот НБА првак имаше резултатска контрола, сепак, во последната делница гостите успеаа да се вратат и да се борат за неизвесна завршница. Таму, шут за победа кај Индијана промаши Пол Џорџ, кој не успеа да го погоди кошот и да направи мало изненадување.

Леброн Џејмс со дабл дабл учинок од 32 поени и 13 асистенции беше најефикасен на мечот, додека зад него следеше токму Џорџ со 29 уфрлени кошеви.

Милвоки на гости го изненади фаворизираниот Торонто и благодарение на одличниот Адентокунмпо триумфираше со 97:83. Сјајниот играч од Грција во гостинската победа на својот тим даде 28 кошеви, осум скокови и три асистенции со што беше најефикасниот на мечот.

Јута Џез исто така направи мало изненадување и на гости го победи Лос Анџелес Клиперс со 95:97. Додека, пак, најсигурен и најубедлив беше Сан Антонио. Спарси пред својата публика го уништија Мемфис со 111:82. Каваи Ленард со 32 поени беше лидерот на домаќините кои дојдоа до почетно водство од 1:0.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Индијана 109:108, Торонто – Милвоки 83:97, Сан Антонио – Мемфис 111:82, ЛА Клиперс – Јута 95:97.

Најново во Кошарка