ПОРАЗИТЕ ИМ СТАНАА „ДОБРО УТРО“

Кливленд заборави да победува (ВИДЕО)

Индијана му го нанесе петтиот пораз на Кливленд, откако на гостински терен славеше со убедливи 124:107. Чикаго и натаму се дави во „проблеми“, овој пат беше совладан од Мајами со 97:91. 

објавено: 2 ноември 2017 - 08:27

Кливленд го забележа петтиот пораз од стартот на сезоната, откако на домашен терен беше совладан од Индијана со убедливи 124:107. За Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со дабл-дабл од 33 поени и 11 асистенции, и неговите соиграчи ова беше четвртти пораз во низа и со скор од 3-5 се на долниот дел од табелата во Источната конференција.

Кај Пејсерси кои ја забележаа петата победа оваа сезона, Јанг со 26 поени и Колинс со 25 поени беа најефикасни.

И Чикаго оваа сезона игра под своите можности. Поразот број пет го забележаа на гостувањето кај Мајами 97:91. Булси имаат само една победа и се заковани на дното.

Лаури Марканен имаше 25 поени кај Булси, додека кај Мајами Драгиќ со 20 поени го предводеше својот тим до триумфот.

Резултати: Шарлот - Милвоки 126:121, Кливленд - Индијана 107:124, Филаделфија - Атланта 119:109, Вашингтон - Феникс 116:122, Бостон - Сакраменто 113:86, Мајами - Чикаго 97:91, Мемфис - Орландо 99:101, Њу Орлеанс - Минесота 98:104, Њујорк - Хјустон 97:119, Денвер - Торонто 129:111, Јута - Портланд 112:103, ЛА Клиперс - Далас 119:98.

Најново во Кошарка