ТОА Е ГОЛЕМИНАТА НА ВЕЛИКАНОТ НА ЛЕЈКЕРСИ

КОБИ ГО ПОЗДРАВИ ЛЕБРОН: „Добредојде во семејството"

Од денеска, Леброн Џејмс е член на ЛА Лејкерс, иако сето тоа не е официјално промовирано од страна на „езерџиите".

објавено: 2 јули 2018 - 22:45

Но тоа не му посмета на доскорешниот лидер на „златно-пурпурните" од ЛА, Коби Брајант, да биде еден меѓу првие кои му посака добредојде на „кралот" Џејмс

„Ми се допаѓа тоа", кажа популарната „Црна мамба", откако дозна дека негов наследник во тимот ќе биде Леброн Џејмс.
А нешто подоцна додаде: „Добредојде во семејството"
Американските медиуми пренесуваат дека и пред одлуката за доаѓање во „градот на анѓелите", Леброн го повикал Коби, па дури потоа се сретнал со претседателот на кошаркарските операции на Лејкерс, Меџик Џонсон, со кој ги решил сите детали од договорот.

Леброн и Коби се одамна во пријателски односи а неодамна самиот Брајант изјави дека ако некого го бирал за свој соиграч тоа прво би бил Леброн Џејмс.
Но во плеј-офот беше малку и критички настроен кон Џејмс на кого му порача да обрне повеќе внимание на победите, а не на тоа со кого игра во тимот.

Најново во Кошарка