ОВА ВЕЌЕ НЕ Е СЛУЧАЈНО

КОГА ЛЕБРОН ТЕ ФАЛИ: Џеди е одличен играч! (ВИДЕО)

„Осман го ’тера’ ЛБЏ да се ’спушти’ на ’четворка’- констатира тренерот на Кливленд,Тајрон Лу...

објавено: 14 февруари 2018 - 08:30

Џеди Осман станува се поважен играч во ротацијата на Кливленд Кавалирс.
Момчето родено во Охрид, со турски кошаркарски пасош го потврдува тоа со секој одминат натпревар особено по големиот трејд кој го направија Кавси пред „дедлајнот", а претходно Кевин Лов заработи скршеница на раката, кога и се отвори простор за довчерашниот играч на Анадолу Ефес.
Првобитниот план на тренерот на Кавалирс Тајрон Лу беше Осман да биде само во стартните пет за дуелот со Атланта, се додека не се приклучат четирите нови играчи од размената. но партиите на Осман го натераа Лу да го смени мислењето.

„Ми се допаѓа што тој носи со себе на теренот. Леброн може да игра на 'четворка', а тоа е голем хендикеп за противниците, затоа што дури четворица можат да истрчаат контра. Тоа ни е многу важно, исто како што е важно кога Родни Худ влегува од клупата и да биде закана во нападот, да играме ’низ него'. Ќе видиме "- коментира Ли.

Против Атланта Џеди имаше 16.поени, 6.скока и 5 асистенции, а против Селтикс 12. поени и по пет скока и асистенции.

„Последните две вечери бев главна тема на Твитер во Турција. Моите игри се голема работа за нив таму, но јас само се трудам само добро да се забавувам"- вели Осман кој имашеи едно несреќно забивањето против Селтикс.

Го одбрани нокој друг туку лично „Кралот Џејмс".

„Тоа се случува, се вртиме ко следната акција. После тоа даде две тројки по ред во последната четвртина. А потоа и кош со дополнително слободно фрлање. Одличен играч е. Ќе продолжи да се подобрува. Затоа и нема многу да зборуваме за тоа нереализирано забивање"- смета Леброн Џејмс.

А самиот Осман не може да опише што се случи во тој момент...

"Само продолжив да играм, тренерите и соиграчите ме подржуваа, па продолжив, ментално бев подготвен. Веројатно премногу се возбудив во тој момент"- објаснува 22. годишниот НБА играч со потекло од нашиот Охрид.

   

Најново во Кошарка