ФИЛАДЕЛФИЈА „ИЗВАДИ“ ДРАМАТИЧНА ПОБЕДА ПРОТИВ ВАШИНГТОН

Ковингтон може и пред сирената

Откако Рики Рубио погоди тројка за нерешено, до крајот на мечот останаа само 1.6 секунди. Хрватскиот интернационалец успеа да ја фрли топката кон Ковингтон. И иако не баш доволно прецизно, сепак, Ковингтон се снајде и во пад погоди за победа, (93:91).

објавено: 4 јануари 2017 - 10:35

Филаделфија и Минесота го одиграа највозбудливиот натпревар на вечерта.
Роберт Ковингтон, во соработка со Дарио Шариќ ја разубави ледената вечер во Филаделфија.
И тоа на навистина драматичен начин.
Откако Рики Рубио погоди тројка за нерешено, до крајот на мечот останаа само 1.6 секунди. Хрватскиот интернационалец успеа да ја фрли топката кон Ковингтон. И иако не баш доволно прецизно, сепак, Ковингтон се снајде, и во пад погоди за победа од (93:91).
Сан Антонио одигра уште една симултанка пред својата публика. Притоа ги остави гостите од Торонто на само 82. поени, иако се вторит на истокот (зад Кливленд).
За Демар Дерозен остана утехата дека со 26. поени беше прв стрелец на мешот, даде едне повеќе во однос на каваи ленард.
Не баш силните, ниту оваа сезона Лејкерс, стигнаа до 13. победа во тековната сезона затоа што на свој паркет го победија Мемфис со (116:102).
Во победничкиот тим се истакна Џулиус Рендл со трипл-дабл ефект од 19. поени, 14. скокови и 11. асистенции, додека пак кај гостите најефикасен беше Марк Гасол со 22. поени, шест фатени топки, и седум успешни додавања.
Далас се добрани од нападите на Визардс, пред својата публика во „Ерлајнс Центарот", Маверикс победија со (113:105), иако беа далеку од добри, особено во првото полувреме.
Најпродуктивен играч на двете страни од теренот сепак беше гостинскиот бек Џон Вол со 27. поени и 8. асистенции.
Во еден од дуелите кој се нарекува НБА класика, Бостон Селтикс ја победи Јута Џез со (115:104). Домашната екипа до предноста дојде во втората четвртина. Уште една сјајна игра прикажа Ајзеја Томас, ја заокружи со 29. поени, и дури 15. асистенции.
Кај гостите најдобар беше Гордон Хејвард со 23. реализирани поени.

РЕЗУЛТАТИ
Филадефија - Минесота 93:91, Бостон - Јута 115.104, Детроит - индијана 116:121, Далас - вашингтон 113.105, Сан Антонио - Торонто 110:82, Денвер - Сакраменто 113:120, Феникс - Мајами 99:90, ЛА Лејкерс-Мемфис116:102

Најново во Кошарка