ВО ОБИД ДА ГО ЗАДРЖАТ СВОЈОТ НАЈДОБАР ИГРАЧ

„Кралевите“ ќе кешираат 200 милиони за Казинс

Владе Дивац и неговите соработници нема да жалат пари да го „смират" проблематичниот центар...

објавено: 11 јануари 2017 - 14:30

Раководството на Сакраменто Кингс нема намера да го „тргне" Демаркус Казинс од тимот, и да разгледува било каква понуда за размена од заинтересираните клубови, а такви ги има неколку во овој момент.
Напротив, „кралевите" подготвуваат мошне важна понуда за „големото момче" за следното лето кога тој станува „слободен агент".
Според ЕСПН, екипата која во овој момент го зазема осмото место на Западот, ќе понуди многу побогат договор со кој ќе го задржи „немиркото" во Калифорнија долго време, можеби и до крајот на неговата играчка кариера.
И за таа цел се подготвени да одат со неверојатни двеста милиони долари кои Казинс би ги добил ако се согласи на еден таков мега-дил.

Најново во Кошарка