ГОТОВ Е ПРЕОДНИОТ РОК ВО НБА ЛИГАТА

„Кралот" Џејмс доби нова „свита“

Кливленд доби четири нови играчи за вториот дел од сезоната...

објавено: 9 февруари 2018 - 08:00

Последниот ден од НБА „дедлајнот" донесе доста возбудувања.

Особено во клубот каде во преден план е најголемиот кошаркар на денешницата – Леброн Џејмс.
Кливленд Кавалирс во еден ден направи вистински играчки редизајн, и тоа со помош на неколку други клубови кои беа вклучени во трејд-блокот, ЛА Лејкерс, Јута Џез и Сакраменто Кингс.

Прва бомба на денот беше размената на Ајзеја Томас во ЛА Лејкерс, иако малиот плеј на Кливленд недвосмислено порача дека би останал во тимот со Џејмс.
Заедно со него на пат за Ел-Еј тргна и крилниот центар Чанинг Фрај, и заштитенито пик од првата рунда на драфтот 2018.

На Џејмс пак му се придружија два млади играчи како Џордан Кларксон и Лери Ненс-Јуниор.

Сепак, тотално лудило додје два часа пред истекто на рок предвиден за размени.
Во троен трејд кој се одигра помеѓу Кавалирс, Џез и Кингс, имаше од се по нешто.
Двејн Вејн е вратен во Мајами, во замена за заштитен пик од втората рунда на драфтот, Џое Краудер и Дерек Роуз заминаа во Солт Лејк Сити, а Иман Шамперт во Сакраменто, како и ветеранот Џо Џонсон од Јута.

Нови членови на Кливленд станаа и Родни Худ од Јута Џез, едне од најбараните играчи во овој преоден рок, како и Џорџ Хил, кој пак не се снајде најдобро како играч на Сакраменто Кингс.
Бекот Џамир Нелсон, кој минатата недела дојде во Чикаго во „дилот" за Никола Миротиќ замина за Детроит, во замена за центарот Вили Рид. А клубовит еќе ги заменат пиковите од другата рунда на драфтото во 2022 година.
Кај Пистонс заврши Џејмс Енис, додека во Мемфис замина Бријс Џонсон и еден пик од втората рунда на драфтот.
Освен Вејд, во Мајами дојде и Лук Бабит, крилопто на Атланта, а во спротивна насока тргна Окаро Вајт.

Уште еден троен трејд направија Денвер, Њујорк и Далас.
Па така плејот на Далас, Девин Херис заврши во Денвер, Емануел Мудиај го замени Денвер со играње во Њујорк, додека Даг Мекдермот дојде кај „дивите елени" од Тексас.
Крилото Данте Канингам од Њу Орлеанс отиде во Бруклин, во замена за бекот Рашад Вон.
Последниот трансфер на денот е оној на Ноах Вонлех, кој од Портланд премина во Чикаго во замена за правата на Милован Раковиќ.
Со тој потег Блејзерс се симнаа под фамозниот „селари-кап" и не мора да плаќаат данок.

 

Најново во Кошарка