Одбрани најдобрите за регуларниот дел од сезоната

Кралот Џејмс ја предводи најдобрата петорка во НБА, место немаше за Стеф Кари

Леброн Џејмс ја предводи најдобрата петорка за регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а интересно е што во идеалниот состав немаше место за Стефон Кари, ниту за Кевин Дурент

објавено: 18 мај 2017 - 20:45

Леброн Џејмс ја предводи најдобрата петорка за регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а интересно е што во идеалниот состав немаше место за Стефон Кари, ниту за Кевин Дурент.

Со „кралот“ Џејмс во квинтетот најдобри се и Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Кавај Ленард и Ентони Дејвис. Интересно е што копшаркарот на Кливленд го заслужи местото во идеалниот состав по 11. пат, што е рекорд, а Џејмс го дели со Коби Брајант и со Карл Мелоун.

Во втората петорка се најде Кари, заедно со Дурент, потоа и Ајзеа Томас, Јанис Андетокунпо и Руди Гобер.

Традиција во НБА лигата е да се бира и трета најдобра петорка, а во неа имаше место за Џон Вол, Демар ДеРозан, Џими Батлер и Дрејмонд Грин.

Најново во Кошарка