ПО ВТОРИОТ „ПРЕСЕК" НА ГЛАСАЊЕ ЗА ОЛ-СТАР ВИКЕНДОТ

„Кралот" и Кари ќе бидат ол-стар капитени?

Двете најголеми ѕвезди на Истокот односно на Западот, засега имаат најногу гласови

објавено: 12 јануари 2018 - 20:00

Леброн Џејмс и Стеф Кари го превземаа водството на листата на играчи со најголем број на добиени гласови за претстојниот Ол-стар викенд во Лос Анџелес.

Леброн Џејмс сега има повеќе гласови во однос на Гркот Јанис Адетокумпо, додека пак Стеф Кари го „помина" на листата својот тимски соиграч од Голден Стејт, Кевин Дурент, кој имаше повеќе гласови по првиот круг.

На Истокот „ Кралот" може да се пофали со 1.622.828 гласови, додека пак грчкиот мега талентиран кошаркар има 1.480.954 гласа, со кои е пред Џоел Ембид од Филаделфија со 784.287 гласа од фановите, и е следен од Летонецот во Њујорк Никс, Кристапс Порзингис со 640.928 гласови.
Кај бековите, прв е Кајри Ирвинг од Бостон со 1.370.643, а следуваат Демар Дерозен (Торонто) со 537.168 и Бен Симонс (Филаделфија) со 397.942 гласа.
На Запад, лидер е Стеф Кари со 1.369.658 гласа, следен од динамичниот дует Џејмс Харден (Хјустон) со 978.540, и Расел Вестбрук (Оклахома Сити) со 791.332 гласа.
Кај крилата односно високите играчи, Кевин Дурент е неприкосновен со 1.326.059 гласа а зад него се Ентони Дејвис (Њу Орлеанс) со 664.687 и Дрејмонд Грин (Голден Стејт) со 616.730 гласа.
Гласањето продолжува се до 15. јануари, и нешто подоцна ќе бидат објавени капитените на двата тима кои ќе учествуваат во изборот на вкупно 24 кошаркари, селектирани од фановите, медиумите и играчите.
Мечот на сите ѕвезди во НБА лигата ќе се одржи на 18. февруари во ЛА.

 

Најново во Кошарка