НЕ ГО СТАВИ СВОЈОТ НОВ ТИМ НА СПИСОКОТ

„Кралот" има шест кандидати за титулата во НБА

Каков е изборот на Леброн Џејмс околку тоа кој би можел да се бори за шампионските прстени во најсилната лига на светот?

објавено: 14 септември 2018 - 08:00

Шампионскиот пехар е мечта за многу кошаркари во НБА лигата. А Леброн Џејмс е еден од оние кои се одлично „запознати" со тие моменти.

Според „Кралот", во сезоната која следува шест екипи се кандидати за златото во најсилната кошаркарска конкуренција во светот.

„Има многу претенденти, но шампионот е само еден – Голден Стејт.Тоа е тимот кој сите сакаат да го симнат од тронот. Хјустон е исто така силен состав. Не ги исклучувам ниту Оклахома, Бостон, Филаделфија и Торонто. Има многу ривали, но на сите им е добро јасно дека ќе треба да поминат преку Голден Стејт"- изјави Џејмс.

Изненадувачки, но многу логично, 203 сантиметри доминантното крило не го стави во таа група својот нов клуб – Лос Анџелес Лејкерс.
Макар што пред некој ден рече дека целта пред него е секогаш првото место!

Најново во Кошарка