ПОТВРДА И ОД НБА ЛИГАТА

КРАЛОТ СТИГНА: И официјално, Леброн во ЛА Лејкерс

Доскорешниот играч на Кливленд Кавалирс потпиша договор вреден 154 милиони долари за период од четири години.

објавено: 10 јули 2018 - 08:48

Најдоминантниот играч во светот на кошарката стана нов играч на тимот од ЛА, соопштено е на сајтот на НБА лигата.
Доскорешниот играч на Кливленд Кавалирс потпиша договор вреден 154 милиони долари за период од четири години.


На крајот на јуни Џејмс ја отфрли опцијата од договорот со Кавс да ја одработи и последната сезона од актуелниот, вредна 35.6 милиони долари и одлуши да стане слободен агент.
На 2.јули медиумите во САД објавија дека Леброн Џејмс ќе биде новиот играч на ЛА Лејкерс. А сега и официјална потврда доаѓа од франзишата во Калифорнија.
Еден до најдобрите кошаркари во историјата со Кливленд ја освои титулата во 2016 година, а во минатата сезонаи оној регуларен дел, имаше ефект од 27.5 поени, 8.6 скока и 9.1 асистенции.
Беше уште подобар во плеј-офот – 34.поени, 9.1 скока и 9.асистенции по меч.
Ирвин Меџик Џонсон оцени дека ова е голем чекор за клубот од ЛА кон враќањето во борбата за тгрофејот.

„Ова е голем ден за Лејкерс и за нивните навивачи низ светот затоа што го дочекувaат Леброн Џејмс, тројниот НБА шампион, и освојувач на четири признанија за најкорисен играч во НБА. Леброн е посебен, Најдобaр играч на светот. Сака да се натпреварува, и е вистински лидер... Покрај тоа сака да победува, да се грижи за тоа и другите во тимот да изгледаат добро на теренот. Играчите на Лејкерс мораат да бидат возбудени што ќе имаат соиграч кој девет пати играл во финалето. Ова е голем чекор кон враќањето на Лејкерс во финалето на плеј-офот" – истакна претседателот на кошаркарските операции на ЛА Лејкерс.

Најново во Кошарка