НБА ЛЕГЕНДИТЕ СЕ ВО ШОК

„Куќата на славните" без „срцето на шампионот" – тоа е невозможно!

Какви се тие критериуми, прашуваат дел од легендарните фаци на најсилната лига на светот, тесно „поврзани" со Руди Томјанович и неговиот Хјустон Рокетс...

објавено: 2 април 2018 - 10:00

Северноамериканскиот одбор за „креирање" на НБА класата 2018, вклучи неколку играчки ѕвезди како Реј Ален, Стив Неш, Џејсон Кид, Грент Хил и Морис Чикс, потоа сеучилишниот тренер Чарлс Лефти Дрисел.
Одборот за жени пак одлучи во „Хал оф Фејм"да ја смести Тина Томпсон, како и тренерот Кејти Смит.
Како заслужни кошаркарски работници во „Куќата на славните" влегуваат Рик Велтс и Род Торн, Ора Маер Вашингтон е претставник на афроамериканските пионери, а Чарли Скот, како претставник на Одборот на кошаркарските ветерани, а Оскар за животно дело доби и Хрватот Дино Раѓа.
Но во Америка голем број на кошаркарски следбеници, поранешни НБА ѕвезди не можат да се помират со фактот дека меѓу одбраните нема место за еден човек.
Место меѓу кошаркарските богови не доби легендарниот Руди Томјанович, тренерот кој ги однесе Хјустон Рокетс до два последувателни шампионски прстени во 1994 и 1995 година, а селекцијата на САД до Олимпиското злато во Сиднеј.

"Никој не веруваше во нас, а сега имам нешто да им порачам на сите кои се сомневаа. 'Никогаш не го потценувајте срцето на шампионот' "- гласи славната ијава на Руди Т која ја даде веднаш откако во 1995 година Хјустон го „избриша" Орландо Меџик во финалето и ја одбрани титулата во НБА лигата.

Но освен што беше трофеен тренер, Томјанович беше и сјаен играч, пет пати член на Ол-стар натпреварите.
Но сето тоа не беше доволно за жирито, иако номиниран, да не го избере во класата 2018.

Најжестоките критики дојдоа од една легенда како Клајд Дрекслер. Членот на оригиналниот „дрим-тим" ја освои титулата токму како играч на Хјустон во таа 1995 година. Но и од актуелниот тренер на тимот од Тексас, Мајк Дантони.

„Во шок сум. Руди Томјанович е легенда. Руди е двократен НБА шампион како тренер, има олимписко злато, и пет пати бил на Ол-стар. Ако некој заслужува да влезе во 'Куќата на славните', тогаш тоа е Руди" – вели видно изненадениот Клајд „Д-глајд" Дрекслер.

Слични се замерките и од Мајк Дантони, актуелниот водач на „ракетите" од Хјустон.

„Шокиран сум. Не можам да верувам. Што уште Руди требаше да направи за да биде избран? Не ги разбирам овие критериуми. Никој кој досега влегол во 'Куќата на славните" не заслужува да биде таму повеќе од Руди“ – дополни Дантони.

Најново во Кошарка