ИАКО ИМА 40.ГОДИНИМ, И ИМАШЕ МНОГУ ПРОБЛЕМИ

ЛАМАР ОДОМ САКА ПОВТОРНО ДА ИГРА: Италија го повикува...

Некогашниот НБА шампион се надева на договор во текот на летото...

објавено: 19 април 2018 - 20:00

Ламар Одом сеуште не се откажал од играње кошатка, напротив, сака да и се врати на кошартклата. Некогашниот НБА шампион, кого проблемите со дрогата, животот на висока нога и други приватни „немири" го донесоа да „спасува жива глава", се надева дека во текот на летото би можел да му се врати на професионалното играње на кошарка, и да се обиде да стави крај на кариерата како што му доликува на еден шампион.

Се чини дека овојпат тоа не се некои „празни приказни" затоа што американските медиуми пишуваат дека Одом „се убива од вежбање" и дека по цели денови е во локалната сала за кревање на товар каде се подготвува за враќање на теренот.
Желба му е повторно да заигра во Европа, а наводно, најмногу го интересира Италија.

„Работам многу, и се трудам да се пробам уште еднаш на теренот, и тоа на онаа друга страна од Атлантикот" - рече Одом за ТМЗ Спорт.

Како тврди споменатиот избор, на Одом не му е толку битно каде ќе потпише, се додека е на Апенините. Одом, сега на 40. годишна возраст сака да им покаже на критичарите дека сепак може да игра квалитетна кошарка и покрај бројот на годините.
За потсетување во текот на октомври, двократниот НБА првак се бореше за својот живот откако падна во кома од која едвај се разбуди. Од тој момент, животот на Одом се смени драстично, а после темелното лекување решен е да се врати на терен.
Некогашниот најдобар шести играч во НБА и носител на два шампионски прстени, последниот профи ангажман го имаше како играч на шпанската Басконија во 2014 година кога потпиша двомесечен договор со опција, истиот да го продолжи до крајот на сезоната.
Но одигра само два натпревари, бидејќи по неполн месец се врати назад во САД поради проблеми со грбот.

 

Најново во Кошарка