ИМА ВРЕМЕ ДА ОДЛУЧИ ШТО И КАДЕ ПОНАТАМУ..

ЛБЏ: Не знам каде ќе играм, сакам добро соиграчи околу себе

Најдобриот играч на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс, после поразот од Голден Стејт во големото финале на НБА, не кажа дали тоа му е последниот меч за тимот од Охајо...

објавено: 10 јуни 2018 - 12:00

Најдобриот играч на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс, после поразот од Голден Стејт во големото финале на НБА, не кажа дали тоа му е последниот меч за тимот од Охајо...

„Морам да мислам на семејството, да бидам свесен за годините во кои се наоѓаат моите деца. Кога доаѓав овде, тие беа мали, сега се тинејџери... Морам да земам в предвид апсолутно се. А семејството најмногу. Одлуката ќе зависи од нив. Моментално немам одговор каде ќе играм следната сезона" – порача Леброн.

И не застана тука со своето објаснување.

"Претходниот пат си заминав од Охајо за да играм со талентирани играчи кои можеа да предвидат што ќе се случи на теренот и пред да дојде до некоја ситуација... Кога чувствувате дека сте навистина добри во работата која ја работите, тогаш сакате да бидете опкружени со такви луѓе".

Џејмс влегува во последната година од договорот со Кавс, но има можност да ја прекине сорбаотката во текот на ова лето.
А одлуката мора да ја соопшти најдоцна до 30.јуни.

"Се вратив во Кливленд затоа што чувствував дека имам недовршени работи. После две години станав шампион со Кавс. Тоа е нешто што засекогаш ќе го паметам. Верувам дека сите ќе го паметат тој резултат".

По „чистењето" од Вориорс, Леброн остана на три шампионски прстени, тој со Кливленд во 2016 година, и две со Мајами Хит.

"Знам дека можам да понудам уште многу. Имам свои цели, гладен сум за титули. Сакак да бидам на шампионско ниво. Мислма дека ова сезона покажав дека можам да се натпреварувам на тој начин"- заклучи ЛБЏ.

Интересно е дека по завршувањето на последниот меч од оваа сезона во НБА лигата, бројни играчи од повеќе тимови од НБА лигата почнаа со „врбувањето" на најдоминантниот играч на светот. Првиот меѓу нив беше центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, кој уште еднаш го повика „Кралот" да му се придружи на „процесот".
Но не заостанаа ниту Делонте Мареј од Сан Антонио Спарс, и Енес Кантер, кој пак е дел од Њујорк Никс. И тие ја истакнаа својата желба еден од најдобрите кошаркари на денешнината им се приклучи на нивните екипи.

Најново во Кошарка