ЗНАЕ КОЈА Е НЕГОВАТА РАБОТНА ЗАДАЧА

ЛЕБРОН: Да излезам на терен, и да доминирам!

Пред почетокот на плеј-офот, и првиот меч од серијата со Индијана, „Кралот" е посебно мотивиран, и пред се, подготвен...

објавено: 15 април 2018 - 21:10

Леброн Џејмс е спремен за полетување, и заедно со другиот дел од Кливленд да дојде до шанса да се бори за уште еден шампионски трофеј во неговата кариера.

Иако во доигрувањето за титулата тимот од Охајо тргнува од четвртата стартна позиција на Истокот, „Кралот Џејмс" сака многу повеќе...

„Моето расположение за плеј-офот опстанува непроменето долго време. Сакам да излезам на теренот и да доминирам. Психолошки и физички сум во оптимална состојба. Одлично е што за прв пат во сезоната тренерот Тајрон Лу на располагање ќе ја има комплетната екипа, иако тоа е доста необично за сите нас. Особено во однос на она што ни се случуваше во регуларниот дел" - вели Џејмс.

Пред две години Кливленд стигна до шампионскиот прстен, но Леброн не сака да прогнозира кој тим е најблиску до трофејот Лери О' Браен.

„Не знам, сите се фаворити. Тоа е како во 'игра на гладните". Да видиме колку далеку ние можеме да отидеме" - наведува еден од кандидатите за титулата МВП на регуларниот дел од сезоната.

Најново во Кошарка