ОДЛИЧНА ПАРТИЈА НА “КРАЛОТ“

Леброн Џејмс ги скроти „биковите“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд го совладаа Чикаго со 119:112 во одлично издание на Леброн Џејмс, кој покажа дека може да игра на секоја позиција. „Кралот" постигна 34 поени и подели 14 асистенции.

објавено: 25 октомври 2017 - 08:25

Кошаркарите на Кливленд го совладаа Чикаго со 119:112 во одлично издание на Леброн Џејмс, кој покажа дека може да игра на секоја позиција. Булси во мечот влегоа како аутсајдери, но на теренот беа рамноправен противник. Поведоа со серија 12-2, а потоа по првата четвртина имаа двоцифрено водство од 28:38. Кавси во следниот период одиграа нешто подобро, благодарение на Леброн Џејмс, кој на оваа средба играше на бековската позиција, нешто што не се случило од 2011 година.

Домашниот тим во последната четвртина влезе со предност од 92-91, Чикаго се обидуваше да се врати во игра, но кошаркарите на Кливленд не го доволија тоа и дојдоа до третата победа сезонава.

Леброн мечот го заврши со дабл-дабл од 34 поени и 14 асистенции, додека Кевин Лав додаде 20 поени. На другата страна Џастин Холидеј имаше 25 поени.

Резултати: Кливленд - Чикаго 119:112, Орландо - Бруклин 125:121, Бостон - Њујорк 110:89, Минесота - Индијана 107:130, Портланд - Њу Орлеанс 103:93, ЛА Клиперс - Јута 102:84.

Најново во Кошарка