КЛИВЛЕНД ПО ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ПОВЕДЕ СО 3-0 ПРОТИВ ИНДИЈАНА

Леброн урива легенди: “Кралот“ го мина Коби, следна цел е Џордан (ВИДЕО)

Леброн Џејмс беше клучниот играч за големиот пресврт на Кливленд во третиот плеј-оф дуел против Индијана. Ѕвездата на шампионот успеа да поправи и некои лични рекорди и на вечната листа на стрелци да го мине Коби Брајант.

објавено: 21 април 2017 - 08:17

Леброн Џејмс беше клучниот играч за големиот пресврт на Кливленд во третиот плеј-оф дуел против Индијана. Ѕвездата на шампионот успеа и да поправи некои лични рекорди и на листата на стрелци да го прескокне Коби Брајант.

Кавси имаа негатива од 26 поени, но на крајот успеаја да ја совладаат Индијана со 119:114 за водство од 3-0 во плеј-оф серијата. Леброн средбата ја заврши со трипл-дабл од 41 поен, 13 скока и 12 асистенции.

„Кралот" во големата победа на својот тим успеа да го престигне легендарниот Коби Брајант (5.640) на листата на најдобри стрелци во плеј-оф натпреварите и сега има 5.670 поени. Пред него се Карим Амбул Џабар со 5.762 поени и Мајкл Џордан со 5.987 поени.

Леброн ја постигна и 293 тројка во плеј-офот, па и во оваа категорија го „скокна" Коби, кој е на четвртото место.

Џејмс го запиша и 17. трипл-дабл во овој дел од натпреварувањето, за него ова е деветти со над 30 поени, доволно за да го мине Оскар Робертсон, кој има еден помалку. Со вкупниот број на трипл-дабл ефекти во плеј-офот пред него е само Мајкл Џордан кој има 30.

На сето ова треба да се додаде дека Лeброн победи na 20. плеј-оф натпревар во низа во првата рунда во плеј-офот, каде нема пораз од 2012 година.

Најново во Кошарка