„Кралот“ се искачи на седмата позиција

Леброн го прескокна Шек на вечната листа

Ниту одличната партија на Леброн Џејмс не беше доволна за победа на Кливленд на гостувањето кај Чикаго. Сепак „кралот" го мина Шекил О'Нил на вечната листа на стрелци.

објавено: 31 март 2017 - 09:12

Ниту одличната партија на Леброн Џејмс не беше доволна за победа на Кливленд на гостувањето кај Чикаго. Сепак „кралот" го мина Шекил О'Нил на вечната листа на стрелци.
Џејмс се најде на седмата позиција со 28.599 поени, а негова следна мета е Германецот, Дирк Новицки кој има 30.181 поен.


„Кралот" против Чикаго постигна 26 поени и десет скока, но неговиот тим беше поразен со 99:93.

Најново во Кошарка