КАВСИ СЕ ВРАТИЈА НА ПОБЕДИТЕ

Леброн го спаси Кливленд (ВИДЕО)

По поразот од Детроит, Кливленд по голема драма успеа да се врати на победничките патеки, откако го совлада Мајами со 91:89. Леброн Џејмс беше човекот од одлука, го спречи Џејмс Џонсон да упати шут со звукот на сирената. 

објавено: 1 февруари 2018 - 09:15

Кошаркарите на Кливленд на домашен терен го совладаа Мајами со 91?89 во неизвесен меч, чиј победник беше решен во последниот напад. Иако Кавси имаа предност од стартот и во втората четвртина имаше позитива од плус 14 (39:25), сепак Мајами успеа да се врати, со серија од 11-1 дојде на 50:48. Во второто полувреме водството постојано се менуваше, на крајот Леброн Џејмс успеа да го спречи Џејмс Џонсон да упати шут со звукот на сирената и да донесе продолжение.

Токму Леброн со 24 поени, 11 скока, пет асистенции беше најефикасен кај Кливленд, на другата страна Драгиќ имаше 18 поени и 6 асистенции.

Кливленд ја забележа 30 победа и со 20 порази и натаму е на третото место во Источната конференција зад Торонто и лидерот Бостон. Мајами пак е зад Кавси со една победа помалку и еден пораз повеќе.

Резултати: Индијана – Мемфис 105:101, Орландо – ЛА Лејкерс 127:105, Атланта – Шарлот 110:123, Бруклин – Филаделфија 116:108, Кливленд – Мајами 91:89, Бостон – Њујорк 103:73, Портланд – Чикаго 124:108, Феникс – Далас 102:88.

Најново во Кошарка