И КЛИВЛЕНД ПРКНА

Леброн и Корвер го замолкнаа „Медисон Сквер Гарден“, Вориорс фатија залет (ВИДЕО)

Кливленд успеа да се испрати и да врзе две победи во низа. Леброн Џејмс и неговите соиграчи на гостувањето кај Њујорк со 104:101. Голден стејт ја забележа седмата победа во серија, откако на домашен терен беше подобар од Орландо со 110:100 без помошта на Стеф Кари. 

објавено: 14 ноември 2017 - 07:58

Кливленд успеа да остане на победничките патеки. Леброн Џејмс и неговите соиграчи ја забележаа втората победа во низа, откако на гостувањето кај Њујорк славеа со 104:101. 

Никси добро го почнаа натпреварот, пред крајот на првото полувреме направија серија од 15-0 за двоцифрено водство на полувремето од 51:38, кое ветуваше осми пораз на Кливленд. Сепак на сцена настапи Леброн Џејмс, кој заедно со Кајло Корвер се погрижија Кавси да останат непоразени. „Кралот“ средбата ја заврши со 23 поени, 12 асистенции и девет скока, додека Корвер 21 поен од кои пет тројки. На другата страна Тим Хардавеј имаше дабл-дабл од 28 поени и 10 скока, Картер пак забележа 20 поени и 16 скока. 

Голден Стејт ја забележа седмата победа во низа. Бранителот на титулата на домашен терен го совлада Орландо со 110:100 без помошта на Стеф Кари. Одлична работи заврши Кевин Дурент, кој имаше 21 поен и седум скока, зад него беа Ливингстон со 16 поени и Томпсон со 15 поени.

По овој меч, Голден Стејт има скор од 11 победи и три порази, исто колку и Хјустон со кого водат сериозна трка за првото место во Западната конференција.

Резултати: Вашингтон - Сакраменто 110:92, Њујорк - Кливленд 101:104, Милвоки - Мемфис 110:103, Њу Орлеанс - Атланта 106:105, Феникс - ЛА Лејкерс 93:100, Јута - Минесота 98:109, Портланд - Денвер 99:82, Голден стејт - Орландо 110:100, ЛА Клиперс - Филаделфија 105:109.

 

Најново во Кошарка