СЛЕДНА ЦЕЛ Е ВИЛТ ЧЕМБРЛЕН...

ЛЕБРОН ЈА ДОПИШУВА ИСТОРИЈАТА: "Кралот" има 70 трипл-дабл ефекти

Џејмс е само шестиот играч во историјата на НБА лигата на кој му пошло од рака да дојде до еден таков ефект, „недопирлив" е Оскар Робертсон со 181 тројни постигнувања.

објавено: 18 март 2018 - 08:29

Кошаркарите на Кливленд стигнаа до победа на дуелот против Чикаго (114:109). Уште еднаш по заслуга на најдоминатниот играч во НБА лигата.

Леброн Џејмс го запиша својот 70. троен ефект во кариерата откако реализираше 33.поени, имаше и 13. скокови и 12. асистенции.
На тој начин го поправи својот резултат во оваа дисциплина, па сега е во друштво на уште пет големи играчи.

Ги предводи Оскар Робертсон со 181 тројни ефекти, следуваат Ирвин Меџик Џонсон со 138, Џејсон Кид кој има 107, Расел Вестбрук со 101 и Вилт Чембрлен кој застана на бројката 78 и е мета на „Кралот Џејмс" во наредниот период.
Сан Антонио почна да се поправа, стигнаа Спарс до убедливи (117:101) против оваа година солидната Минесота.
Ламаркус Олдриџ отиде далеку напред со 39. поени, 10. Скокови и 2.асистенции, додека кај Тимбервулфс во преден план повторно се појави Карл-Ентони Таунс кој освен 23. поени, имаше и девет скока и две додавања.
Јута запиша планирана победа во дуелот со Сакраменто (103:98), најмногу по заслуга на Донован Мичел кој уфрли 28. поени, и Руди Гобер со неговито одличен двоен ефект изразен преку 22.поени и 13. скокови. Бади Хил даде 23. поени, плус 6. скока и исто толку асистенции.
Се подалеку од плеј-оф е некогаш добриот Денвер.
Нагетс загубија и од најслабиот тим во лигата во оваа сезона – Мемфис (94:101).
Ова беше и првиот триумф за Гризлис откако во изминатиот период нанижаа дури 19. по ред порази.
Србинот Никола Јокиќ беше прво име во Денвер со дабл-дабл од 17. поени и 12 скока (плус две асистенции). Но ги изненади Дилон Брукс со 24. поени, 5 скока, и Тајреке Еванс кој освен 20. поени дополни со седум додавања и три скока.
РЕЗУЛТАТИ: Хјустон – Њу Орлеанс 107:101, Индијана – Вашингтон 102:109, Далас – Бруклин 106:114, Шарлот – Њујорк 101:124, Кливленд – Чикаго 114:109, Денвер – Мемфис 94:1010, Минесота – Сан Антонио 101:117, Сакраменто – Јута 97:103, Голден Стејт – Феникс 124:109, Детроит – Портланд 87:100, Милвоки -Атланта 122:117; 

Најново во Кошарка