„КРАЛОТ“ КАЖА ШТО МИСЛИ ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО ГОЛДЕН СТЕЈТ

Леброн: Ќе го направам тоа во лице, за да видите колку сум искрен

„Најдобриот кошаркар во светот ќе го замени Кливленд со Голден стејт на крајот оваа сезона, доколку Вориорси му понудат максимален договор“, оваа вест пред два дена ја потресе спортската јавноста.

објавено: 3 февруари 2018 - 08:30

Додека во изминатите два дена на големо се пишуваше дека Леброн Џејмс е отворен за соработка со Голден стејт и ќе го напушти Кливленд, само доколку челниците на Вориорси му понудат максимален договор, „Кралот“ одлучи пред новинарите да стави крај на овие шекулации.

„Добро се изнасмеав кога видов што се пишува“, рече Леброн, кој продолжи: Станува збор за шпекулации, невистини информации. Приказната која е пуштена во јавноста е целосно непочитување кон она што се трудам да го направам со Кавси, непочитување кон моите соиграчи и тренерот. Единствена мисла во овој момент е како да го освоиме шампионскиот прстен“.

„Кралот“ објасни зошто по шпекулациите не се огласил преку својот „Твитер“ профил..

„Сакав во лице и да ви покажам колку сум искрен, наместо тоа да го сторам на „Твитер“ или „Инстаграм“. На овој начин знаете дека сум искрен и ја кажувам вистината“.

 

Најново во Кошарка