ИМА БЕСКРАЈНО ПОЧИТУВАЊЕ КОН „ЛЕТЕЧКИОТ МАЈКЛ"

ЛЕБРОН: Кога прв пат го видов Џордан...

Многумина сметаат дека Леброн Џејмс и Мајкл Џордан се двајцата најдобри кошаркари на сите времиња во историјата на НБА лигата, макар тоа било и во една жестока конкуренција, надвор од границите на игралиштето, односно кај фановите.

објавено: 16 декември 2018 - 18:10


А актуелниот суперстар на ЛА Лејкерс, говореше пред медиумите за тоа како се чувствувал кога за прв пат го запознал „Неговото Величество".
Средбата се случила во 2001 година, кога „Кралот Џејмс" имал 16, а Мајкл Џордан 38.години.

„Тоа беше боженствено"- рече четирикратнито МВП на НБА лигата. „Си го повторувам тоа, одново и одново – се чувствував како да го запознав самиот Господ. Така беше тоа за едно 16.годишно момче кој го запознава големиот Мајкл Џордан"- импресиониран беше најдобриот играч на Лејкерс.

Наскоро Џејмс ќе наполни 34.години, а во овој момент се наоѓа на 460.поени „одалеченост"' од Џордан кој е на 4. место на листата на најдобрите стрелци на сите времиња во НБА кисторијата.

За време на кариерата, најчесто Леброн го носеше и сеуште го носи дресот со бројот „23" како би му оддал почитување на идолот од детските денови.

„Џордан ја направи кошарката да биде глобален спорт – поради тоа што тој беше таква ѕвезда поради што луѓето од целиот свет сака да го гледаат овој спорт. Тој одбележа една епоха. После пробивот кој го направија Лери Бирд и Меџик Џонсон, Мајкл навистина од кошарката направи еден глобален спорт" – додаде трикратниот НБА шампион.

Мајкл Џордан стана првиот играч кој е сопственик на една франшиза во НБА лигата, откако во 2010 година ги купи Шарлот Бобкетс (сега Хорнетс) за 275.милиони долари.
Џејмс би сакал да стане вториот:

"Би сакал да бидам дел од раководството на некој тим во НБА лигата. А мојот сон е да бидам и сопственик на некоја екипа. Нема да се мешам во сите работи. Ако имам толку среќа, и во вистинска смисла да поседувам клуб, ќе им дадам одврзани раце на генералниот менаџер и на претседателот. Би ги пронашол најспособните луѓе за таа работ " - рече Леброн.

Утринава Лејкерс ги победија Шарлот на нивниот терен (128:100) во натпревар во која Леброн Џејмс и Лонзо Бол забележаа трипл-дабл ефект, што е за прв пат двајца играчи од еден ист тим да имаат таква статистика уште од 2007 година. Година кога тоа од рака им појде на Џејсон Кид и Винс Картер, тогаш играчи на Њу Џерси Нетс.

Најново во Кошарка