„КРАЛОТ" ИМА РЕАЛНИ ОЧЕКУВАЊА

Леброн не лаже: Далеку сме од Голден Стејт

Три месеци по официјализацијата на трансферот во Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс првпат зборуваше пред медиумите во дресот на екипата од Калифорнија.

објавено: 26 септември 2018 - 11:30

Најдобриот кошаркар на денешницата, за многумина и на сите времиња, искрено кажа дека неговиот млад тим е далеку од шампионот Голден Стејт.

„Моите очекувања се да се подобруваме од ден на ден. Не очекувам ништо. Секој работи за да ги достигне своите очекувања. Не верувам дека единствен успех на една екипа на крајот од сезоната е освојување на шампионски прстен. Има само еден шампион. Тоа не значи дека сите останати екипи во лигата потфрлиле"- рече Џејмс на оној „медиа-деј" кој го организираа „езерџиите".

Уште на почетокот "Кралот" вели дека нема никаква потреба Лејкерс да се споредува со Вориорс.

„Ние имаме уште долг пат пред нас за да се споредуваме со Голден Стејт. Започнуваме од нула и не смееме да се грижиме што прават тие, бидејќи играат долги години заедно. Мора да се фокусираме само на нас. И да имаме надеж дека еден ден ќе бидеме во ситуација да освоиме шампионска титула"- рече Леброн пред влегувањето во тренинг-кампот.

Инаку, новата сезона за Џејмс и за „езерџиите" започнува на 18 октомври, и тоа на гостувањето кај Портланд.

Најново во Кошарка