„КРАЛОТ“ УРНА НОВ РЕКРОД НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏОРДАН

Леброн одново пиша историја (ВИДЕО)

По поразот од Мајами, Кливленд веднаш се врати на победничките патеки, откако на гостувањето кај Шарлот славеше со 118:105. 

објавено: 29 март 2018 - 08:30

По поразот од Мајами, Кливленд веднаш се врати на победничките патеки, откако на гостувањето кај Шарлот славеше со 118:105. Леброн Џејмс и овој пат беше најефикасен во редовите на Кавси, постигна 41 поен, десет скока и осум асистенции. За „кралот" ова беше уште еден историски меч. Го урна рекордот на легендарниот Мајкл Џордан од 866 натпревари во низа со над десет поени. Претходно Леброн постана едниот играч по Џордан и Мелоун кој десет сезони во низа ја надминува бројката од 2.000 поени.

Резултати: Шарлот – Кливленд 105:118, Орландо – Бруклин 104:111, Филаделфија – Њујорк 118:101, Мемфис – Портланд 108:103, Минесота – Атланта 126:114, Јута – Бостон 94:97, Феникс – ЛА Клиперс 99:111, ЛА Лејкерс – Далас 103:93.

Најново во Кошарка