КЛИВЛЕНД ОСТАНУВА БЕЗ ЛИДЕРОТ

Леброн под знак прашалник за стартот на сезоната

Поради повреда на скочниот зглоб Леброј Џејмс ќе ги пропушти подготовките за нова сезоната во НБА-лигата. 

објавено: 12 октомври 2017 - 09:30

Најдобриот кошаркар на Кавси во вторникот го одигра првиот меч, во поразот од Чикаго постигна 17 поени, а овој меч ќе биде и единствен претсезонски за него. Леброн поголем дел од тренинзите, но и натпреварите ги пропушти поради проблем со левиот скочен зглоб, повреда со која се здоби на крајот на септември.

Ѕвездата на Кавси мината недела неколку пати изјавуваше дека не е целосно подготвен. Токму поради повредата Леброн може да го прескокне и првиот меч во новата сезона во НБА-лигата против Бостона, кој е закажан за 17. октомври

Најново во Кошарка