КАВАЛИРС СЕ ДАЛЕКУ ОД ШАМПИОНСКИ ТИМ

ЛЕБРОН СИ ПРИЗНАВА: Ни на видео игра не сум примил 148 коша

Најдобриот играч на денешницата изјави дека ланските финалисти во овој момент не ни можат да размислуваат за плеј-офот, особено ако се земе в предвид моменталната форма.

објавено: 21 јануари 2018 - 19:00

Поразот и тоа каков (124:148) од Оклахома, беше дури десеттиот за екипата на Кливенд во последните 14. мечеви од НБА лигата.

И донесе огромно разочарување кај еден до најдобрите играчи во лигата и на светот, се разбира, Леброн Џејмс.

„Плеј-оф? Не ние не можеме да размислуваме за тоа со оглед на начинот на кој играме. Ако плеј-офот би почнал следната недела лесно би можеле и рано да испаднеме" - ја оценува моменталната ситуација во Кливленд нивниот „крал" Леброн.

Џејмс си признава и една друга работа.

„Никогаш во животот, во мојата кариера не сум примил 148 поени, дури ни на видео игра. Се погодија, се влегуваше. Тоа беше тежок пораз. И немаме само еден проблем, туку три, четири, пет... Сеуште бараме решенија за нив"- дополни играчот кому му недостасуваат само уште седум поени да стане најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој прв стигнал до бројката од дадени 30.000 поени.

Најново во Кошарка