НЕМА СОПИРАЊЕ ЗА КАВС

Леброн со рекорден број асистенции, Кливленд растура

Најдобриот играч во тимот на Кливленд заврши со 25 поени и 17 асистенции, а екипата стигна до 15 победи во последните 16 средби

објавено: 13 декември 2017 - 08:23

Екипата на Бруклин покажа што е тоа тимска игра, откако дури седуммина играчи имаа двоцифрен број на поени, во победата на свој терен против Вашингтон од 103:98, во еден од седумте меча одиграни утрово во НБА лигата. Ниту еден играч на Бруклин немаше дадено повеќе од 16 поени, но затоа дури седуммина беа над бројката 10. Во таква ситуација кога не се знае од кого да се чува кошот, Вашингтон немаше шанси да се спаси од пораз. 

Леброн Џејмс си беше на нивото на својот просек и даде 25 поени во триумфот на Кливленд против Атланта од 123:114. Покрај 25-те поени, Џејмс имаше и 17 асистенции, што е израмнување на неговото најдобро постигнување во оваа категорија, во НБА кариерата. Со оваа победа Кливленд покажа дека е во одлична форма, победувајќи на 15 од последните 16 меча. 

Резултати: Кливленд - Атланта 123:114, Детроит - Денвер 84:103, Њујорк - ЛА Лејкерс 113:109, Бруклин - Вашингтон 103:98, Далас - Сан Антонио 95:89, Минесота - Филаделфија 112:118, Сакраменто - Феникс 99:92.

Најново во Кошарка